Нови 400 случаи на КОВИД-19, 11 починати и 206 оздравени пациенти се евидентирани во последните 24 часа.

Како што соопшти Министерството за здравство, направени 2.327 тестирања, а од новите 400 случаи на КОВИД-19 во Скопје се 198, Куманово-28, Тетово-16, Прилеп-14, Гостивар-9, Штип-8, Битола-7, Велес-14, Охрид-12, Струмица-7, Кавадарци-19, Струга-7, Кочани-5, Кичево-8, Гевгелија-1, Неготино-2, Дебар-10, Ресен-4, Крива Паланка-4, Радовиш-3, Берово-3, Делчево-8, Пробиштип-6, Македонски Брод-2, Крушево-2, Македонска Каменица-1, Демир Капија-2.

Институтот за јавно здравје регистрира 206 оздравени пациенти.

Починати се 11 лица од кои пет од Скопје (82, 63, 75, 74 и 53), едно од Битола (66), од Струмица (70), Кавадрци (55), еден пациент од Струга (77), еден од Кочани (71) и еден од Пехчево (71). Пациентите се починати во болнички услови.

Во моментов во Охрид има 367 активни случаи, а во Струга 171.

OhridNews