Денешната бројка на заболени со коронавирус во земјата, до 12 часот е 35 лица, информира пред малку министерот за здравство, Венко Филипче. Утрово на коронавирус се позитивни 4 лица од Скопје. Состојбата на сите пациенти е стабилна, информира министерот.

Доцна синоќа на скопскиот аеродром пристигна авионот со патници од Брисел. Патниците беа тестирани на коронавирус и задржани во изолација до добивање на резулатите. Резулататите на сите патници се негативни, а тие се пуштени дома во задолжителна изолација.

Лицата кои беа привремено сместени во Пепелиште беа посетени од епидемилози, а денеска ќе бидат преместени во објектот одреден за групна изолација во Демир Капија.

Повеќе информации на прес-конференција во 15:00 часот во Владата на Република Северна Македонија.

OhridNews