Во изминатите 24 часа регистрирани се 392 нови случаи на Ковид-19, починале 17 лица, а оздравеле 339 пациенти. Дополнително во „Мој термин“ пријавени се уште три починати лица во периодот од 12 до 22 септември, соопшти Министерството за здравство согласно податоците од Институтот за јавно здравје.
Направени се 4.633 тестирања, а регистрирани се 392 нови случаи на Ковид-19, и тоа во Скопје – 180, Куманово – 32, Кавадарци – 20, Битола – 18, Кочани – 17, Прилеп и Велес – по 16, Кичево – 14, Тетово, Охрид и Штип – по 11, Гевгелија и Крива Паланка – по седум, Кратово – шест, Радовиш и Валандово – по четири, Ресен и Пробиштип – по три, Гостивар, Струмица, Делчево и Виница – по двајца, Неготино, Дебар, Берово и Демир Капија – по еден.
Во текот на изминатите 24 часа починале 17 лица. Од нив осум починати се од Скопје (98г, 82г, 79г, 79г, 79г, 74г, 69г и 69г), двајца од Кочани (89г и 82г) и по едно починато лице од Гостивар (80г), Тетово (46г), Велес (78г), Радовиш (68г), Штип (66г), Битола (86г) и Валандово (85г). Сите пријавени лица се починати во болнички услови.
Дополнително, согласно Регистерот на умрени лица со дијагноза Ковид-19 од Мој Термин, пријавени се уште три лица, со датум на смрт во период од 12.09.2021 до 22.09.2021 година. Овие починати лица се: две од Скопје и едно починато лице од Гостивар. Починатите се на возраст од 67 до 93 години, од кои само едно лице е починато во болнички услови, додека останатите две лица се починати во домашни услови, посочуваат во соопштението од Министерството за здравство.
Регистрирани сe 339 оздравени пациенти – од Скопје – 195, Тетово – 16, Велес и Струмица – по 14, Кавадарци и Радовиш – по 11, Кочани и Прилеп – по девет, Кичево – осум, Гостивар – седум, Штип и Свети Николе – по шест, Ресен и Неготино – по пет, Битола – четири, Гевгелија, Берово и Македонски Брод – по три, Куманово, Валандово и Пробиштип – по двајца, Виница, Дебар, Богданци и Пехчево – по еден.
OhridNews