Нови 387 случаи на заболени од Ковид -19 се потврдени од направени 1176 тестирања во изминатите 24 часа, од кои еден во Охрид. Најголем број повторно се од Скопје -174, а двоцифрени бројки на заболени има во Гостивар -56, Тетово -26, Битола – 20, Штип -19, Куманово -17 и Велес и Прилеп по 12.
Министерството за здравство попладнево информира дека се починати 35 пациенти од кои најмладиот е на 43-годишна возраст. Најмногу починати има од Скопје – десет, четворица се од Гостивар, тројца од Куманово, по двајца од Прилеп,Битола, Берово, Кичево и Струмица и по еден од Штип, Тетово, Велес, Охрид, Кавадарци, Дојран, Радовиш и Кочани.
Институтот за јавно здравје денеска регистрира 528 оздравени пациенти.
Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во земјава од почетокот на епидемијата изнесува 55127, на оздравени 32894, а на починати 1546. Бројот на активни случаи изнесува 20687.
OhridNews