Во последните 24 часа се направени 3082 тестирања, а регистрирани се 1128 нови случаи на Ковид-19, од кои 38 во Охрид. Најмногу случаи има во Скопје-569, Куманово-51, Дебар-12, Штип-35, Прилеп-43, Тетово-50, Струга-16, Велес-45, Битола-57, Кавадарци-35, Гостивар-10, Гевгелија-14, Струмица-33, Крива Паланка-5, Радовиш-11, Крушево-2, Кочани-22, Пробиштип-5, Демир Хисар-5, Македонски Брод-1, Берово-3, Валандово-1, Виница-4, Делчево-8, Кратово-3, Свети Николе-8, Кичево-27, Ресен-7, Неготино-8.
Институтот за јавно здравје денеска регистрира 307 оздравени пациенти.
Како што соопшти Министерството за здравство, починати се 12 лица, четворица пациенти од Скопје (63, 75, 44 и 68 години), двајца од Битола (44 и 72 години), еден од Куманово (70 години), еден од Прилеп (59 години), еден од Охрид (68-годишен), еден од Струмица (76 години), еден од Радовиш (58 години) и еден пациент од Кичево (63 години). Сите пациенти се починати во болнички услови.
Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во Охрид од почетокот на епидемијата изнесува 884, а бројот на активни случаи изнесува 357.
OhridNews