Согласно податоците од Институтот за јавно здравје, во последните 24 часа се направени 3.108 тестирања, а регистрирани се 37 нови случаи со Ковид-19 од: Скопје – 15, Куманово – 5, Прилеп – 3, Тетово, Гостивар, Кавадарци, Охрид и Кичево – по 2, Битола, Струмица, Неготино и Радовиш – по 1.

Пријавени се вкупно 10 починати пациенти од кои тројца од Скопје (70г, 65г, 56г), двајца од Куманово (69г и 57г) и по еден пациент од Тетово (68г), Велес (80г), Кочани (71г), Дебар (57г) и Крушево (67г). Сите 10 пациенти се починати во болнички услови, соопшти Министерството за здравство.

Регистрирани се 90 оздравени пациенти од: Скопје – 50, Куманово – 8, Велес – 5, Тетово, Струмица, Кочани и Кратово – по 3, Битола, Гостивар, Кичево, Гевгелија и Неготино – по 2, Струга, Берово, Демир Хисар, Пехчево и Македонска Каменица – по 1.

Во моментов во Охрид има 55 активни случаи, а во Струга 25.

OhridNews