Нови 1093 заразени со коронавирусот од 3084 тестирања во изминатите 24 часа, соопшти вечерва Министерството за здравство. Од нив 37 се од Охрид. Во денешната статистика на министерството е евидентиран еден смртен случај од Охрид од вчера (39), а денеска во болнички услови почина уште еден пациент од Охрид (60).

Најмногу нови случаи 431, се регистрирани во Скопје, потоа 94 во Гостивар, 60 во Прилеп, 57 во Куманово, 55 во Велес, 44 во Кавадарци, по 41 нов случај имаат Штип и Тетово и 37 Битола, идентично како и во Охрид. Во Струга има 29 новозаразени, 20 во Свети Николе, 19 во Неготино, 18 во Струмица, 15 во Кичево, по 14 имаaт Дебар и Гевгелија, Кочани – 13, Радовиш – 11, Ресен – 10, Крушево – осум, по седум имаат Крива Паланка и Делчево, по тројца Валандово и Виница, по двајца Пробиштип и Македонски Брод и еден нов заразен во Кратово.

Во земјава според официјалната статистика на Министерството за здравство, денеска се регистрирани 28 починати лица.

Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани во Охрид од почетокот на епидемијата достигна 1543, а во моментов активни се 615 случаи.

OhridNews