Вкупно 865 нови случаи на КОВИД-19, 641 оздравени пациенти и починати 25 лица, се регистрирани во последните 24 часа, а направени се и 2889 тестирања.

Според Министерството за здравство, од новите корона случаи во Скопје се 330, во Куманово 28, Дебар-12, Штип-22, Прилеп-47, Тетово-42, Струга-24, Велес-35, Битола-42, Охрид-36, Кавадарци-38, Гостивар-29, Гевгелија-33, Струмица-25, Крива Паланка-3, Радовиш-14, Крушево-1, Кочани-13, Пробиштип-4, Демир Хисар-1, Македонски Брод-1, Пехчево –2, Берово-4, Валандово-3, Делчево-15, Кратово-2, Свети Николе-8, Кичево-18, Ресен-7 и Неготино-26.

Податоците на Институтот за јавно здравје покажуваат дека од оздравените 641, од Охрид е еден пациент.

Починале и 25 лица, сите во болнички услови. Притоа, десет се од Скопје (50, 66, 40, 80, 61, 79, 71, 83, 71 и 73), еден од Куманово (81), двајца од Штип (63 и 51), тројца пациенти од Прилеп (85, 59 и 44), еден од Тетово (73), двајца од Струга (81 и 89), еден од Велес (78), еден од Охрид (83), еден од Кавадарци (69), еден од Гостивар (66), еден од Струмица (70) и еден пациент од Радовиш (68).

Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 75597, бројката на оздравени пациенти е 51493, на починати е 2194, а бројот на активни случаи изнесува 21910.Во моментов во Охрид има 610 активни случаи.

OhridNews