Нови 340 случаи на Ковид-19 од 2557 направени тестови се регистрирани во последните 24 часа. Во изминатото деноноќие починале две лица, а преку Регистарот на умрени лица со дијагноза КОВИД-19 од „Мој термин“ пријавени се уште девет починати. Регистрирани сe 526 оздравени пациенти, соопшти Министерството за здравство согласно податоците од Институтот за јавно здравје.

Од новодијагностицираните 340, во Скопје се 198, Велес – 21, Куманово – 17, Прилеп – 16, Битола – 14, Кавадарци – 13, Тетово – 10, Гостивар и Ресен по осум, Гевгелија – седум, Кичево и Радовиш по пет нови случаи, Кочани – три, Неготино, Берово и Богданци по два, Охрид, Штип, Струга, Крива Паланка, Дебар, Валандово, Кратово, Демир Хисар и Демир Капија имаат по еден новозаразен.

Од вкупниот број позитивни (340), 56 се реинфекции. Од оздравените 526 пациенти во изминатите 24 часа, од Охрид се четири лица.

Двајцата починати во изминатите 24 часа се од Скопје (84) и Кичево (75) и починале во болнички услови. Пријавените девет починати пациенти согласно Регистарот на умрени лица со дијагноза КОВИД-19 од „Мој термин“ се со датум на смрт од 16 февруари до 4 март 2022 и се на возраст од 63 до 93 години. Четворица од нив се од Скопје и по еден од Куманово, Гостивар, Свети Николе, Крушево и Гевгелија. Петмина починале во домашни услови, а четворица во болница.

Од вкупниот број починати лица, кај осум се регистрирани коморбидитети.

 

OhridNews