Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 2758 тестирања, а регистрирани се 929 нови случаи на заразени со коронавирусот, од кои 33 во Охрид. Починати се 28 лица од Ковид-19, а регистрирани се 1068 оздравени пациенти, 31 во Охрид.

Најмногу новиу случаи има во Скопје се 417, следат Куманово со 40, Штип-20, Прилеп-47, Тетово-46, Струга-31, Велес-39, Битола-46, Кавадарци-23, Гостивар-37, Гевгелија-11, Струмица-32, Крива Паланка-7, Радовиш-2, Крушево-1, Кочани-22, Пробиштип-1, Демир Хисар-2, Македонски Брод-1, Пехчево-1, Берово-5, Валандово-3, Виница-4, Делчево-10, Кратово-1, Свети Николе-10, Кичево-22, Ресен-5, Неготино-10.

Од починатите, најмладиот има 22 години (Скопје), а најстариот 83 години.

Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во Охрид од почетокот на епидемијата изнесува 1921, а активни се 560.

Во ковид-центарот во Охрид, во моментов  хоспитализирани се 100 пациенти.

OhridNews