Согласно податоците од Институтот за јавно здравје, во последните 24 часа се направени 3.394 тестирања, а регистрирани се 872 нови случаи со Ковид-19 во: Скопје – 459, Прилеп – 51, Кавадарци – 35, Куманово, Битола и Охрид – по 33, Тетово – 31, Гостивар – 28, Штип – 24, Неготино и Берово – по 15, Велес – 14, Крива Паланка – 13, Струмица и Струга – по 11, Крушево – 9, Демир Хисар – 8, Гевгелија – 7, Кочани, Радовиш и Пробиштип – по 6, Кичево, Ресен и Богданци – по 5, Свети Николе – 3, Виница, Валандово, Кратово, Демир Капија, Македонски Брод и Дојран – по 1.

Пријавени се вкупно 22 починати лица, од кои девет од Скопје (66г, 69г, 78г, 87г, 75г, 80г, 75г, 70г, 73г), четири од Прилеп (67г, 86г, 89г, 45г), двајца од Гевгелија (73г, 73г) и по еден пациент од Тетово (72г), Велес (73г), Охрид (79г), Кочани (72г), Кичево (70г), Делчево (75г) и Струмица (70г). Сите пациенти се починати во болнички услови, соопшти Министерството за здравство.

Регистрирани се 412 оздравени пациенти од: Скопје – 179, Охрид – 44, Струга – 34, Прилеп – 33, Куманово – 23, Тетово – 18, Битола – 13, Струмица – по 12, Гостивар – 10, Гевгелија – 8, Велес – 6, Штип – 5, Крива Паланка, Делчево и Пробиштип – по 4, Дебар и Кичево – по 3, Ресен, Виница и Кратово – по 2, и Неготино, Крушево и Богданци – по 1.

Во моментов во Охрид има 428 активни случаи, а во Струга 152.

Г.М.