Нови 329 позитивни случаи на КОВИД-19 од 3045 тестирања, 200 оздравени и 13 починати се регистрирани во изминатите 24 часа. Дополнително, има пријавено уште пет починати со дијагноза КОВИД-19 од системот Мој термин во периодот од 20 септември  до 2 октомври 2021.

Како што соопшти Министерството за здравство, согласно податоците од Институтот за јавно здравје, од новодијагностицираните 329,  во Скопје се 178, Велес – 27, Куманово – 20, Прилеп – 16,  Штип – 13, Струмица – 10, Охрид – девет, Tетово, Пробиштип и Кочани имаат по осум нови случаи, Битола – седум, Кочани и Гевгелија – по пет, Свети Николе – три, Струга, Ресен, Крива Паланка и Демир Хисар – по два и по еден нов случај на коронавирус имаат Кавадарци, Виница, Македонска Каменица и Дојран.

Во текот на изминатите 24 часа регистрирани се 13 починати лица: шест од нив се од Скопје (91г, 88г, 79г, 78г, 69г и 68г), три починати лица се од Велес (86г, 72г и 57г) и по едно починато лице од Прилеп (57г), Тетово (64г), Крива Паланка (78г) и Куманово (74г). Сите пријавени лица се починати во болнички услови.

Дополнително, согласно Регистарот на умрени лица со дијагноза КОВИД-19 од Мој термин, пријавени се уште пет починати лица, со датум на смрт од 20 септември до 2 октомври 2021 година. Двајца од  нив се  од Скопје и по едно починато лице од Тетово, Гостивар и Демир Хисар, и се на возраст од 49 до 86 години. Од пријавените лица,  две се починати во болнички услови, а тројца во домашни услови.

Регистрирани сe 200 оздравени пациенти – од Скопје – 103, Куманово – 15, Битола – 12, Штип – 11, Велес и Прилеп – по девет, Крива Паланка – седум, Кичево – шест, Кочани и Свети Николе – по пет, Кавадарци – четири, Берово – тројца оздравени, Радовиш, Кратово и Богданци имаат по двајца и по еден оздравен има во Пробиштип, Гевгелија, Ресен, Гостивар и Крушево.

OhridNews