Согласно податоците од Институтот за јавно здравје, во последните 24 часа се направени 5.959 тестирања, при што се потврдени 325 нови случаи со Ковид-19, од кои 7 во Охрид.

.Регистрирани се 11 оздравени пацеинти, како и едно едно починато лице во болнички услови од Битола (55г), соопшти Министерството за здравство.

0Од вкупниот број новорегистрирани случаи на Ковид-19, од се Скопје 101, Тетово 95, Гостивар 43, Куманово 26, Струга 10, од Охрид, Дебар и Кичево по 7, Прилеп, Кочани и Македонски Брод по 4, Струмица, Радовиш и Пехчево по 3, Кавадарци и Штип по 2 и по 1 во Битола, Велес, Берово и Виница. Од регистрираните 11 оздравени пациенти од Скопје се 6, Куманово 2 и Тетово, Гостивар и Валандово по 1.

Досега во земјата се направени вкупно 1.005.162 тестирања на Ковид-19.

Вкупниот број Ковид-дијагностицирани лица во земјава од почетокот на епидемијата изнесува 157.251 бројот на оздравени пациенти е 150.481, на починати е 5.502, а на активни случаи изнесува 1.268, од кои 18 во Охрид.

OhridNews