Во последните 24 часа, во земјава се направени 2.824 тестирања, а регистрирани се 1.100 нови случаи на Ковид-19, од кои 32 во Охрид. Оздравени се 585 пациенти, 41 во Охрид, а 30 починале, од кои 2 лица во Струга (57,64), информираше Министерството за здравство.
Од новорегистрираните во Скопје се 439, Куманово-56, Дебар-5, Штип-42, Прилеп-52, Тетово-58, Струга-29, Велес-27, Битола-73, Кавадарци-51, Гостивар-68, Гевгелија-5, Струмица-33, Крива Паланка-15, Радовиш-5, Крушево-2, Кочани-23, Пробиштип-3, Демир Хисар-3, Македонски Брод-4, Пехчево-1, Берово-1, Валандово-1, Виница-2, Делчево-3, Кратово-2, Свети Николе-17, Кичево-16, Ресен-10, Неготино-22.
Вкупниот број на ковид дијагностицирани во Охрид од почетокот на епидемијата изнесува 1750, а во моментов активни се 585. Во Струга до сега регистрирани се 1588 случаи, а активни се 473.
OhridNews