Во последните 24 часа се направени 3143 тестирања, а регистрирани се 1039 нови случаи на ковид-19, од кои 32 во Охрид.
Според извештајот на Министерството, во Скопје има 546 заболени, потоа во Куманово-38, Штип-27, Прилеп-83, Тетово-30, Струга-24, Велес-25, Битола-41, Кавадарци-18, Гостивар-48, Гевгелија-14, Струмица-9, Крива Паланка-5, Радовиш-7, Крушево-4, Пробиштип-5, Демир Хисар-6, Македонски Брод -3, Пехчево-1, Берово-1, Валандово-3, Виница-3, Делчево-3, Кратово-1, Свети Николе-9, Кичево-28, Ресен-14, Неготино-11.
Институтот за јавно здравје денеска регистрира 998 оздравени пациенти.
Починати се 15 лица, шест пациенти од Прилеп (65, 65, 69, 69, 69 и 72г), пациент од Скопје (73г), од Дебар (60г), пациент од Велес (71г), пациент од Битола (64г), од Кавадарци (66г), од Демир Хисар (84г), од Свети Николе (56г), од Кичево (55г) и пациент од Ресен (84г). Сите пациенти се починати во болнички услови.
Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 56164, бројката на оздравени пациенти е 33892, на починати е 1561, а бројот на активни случаи изнесува 20711. Во Охрид од почетокот на пандемијата регистрирани се 1429 случаи со Ковид 19, а во моментов активни се 620.
OhridNews