Согласно податоците од Институтот за јавно здравје во последните 24 часа се направени 2161 тестирања, а регистрирани се 314 нови случаи со Ковид-19 во: Скопје – 179, Кавадарци – 17, Прилеп – 16, Велес – 12, Охрид – 11, Тетово – 10, Битола – 7, Делчево – 6, Гевгелија и Неготино – по 5, Куманово, Гостивар, Струмица, Струга, Радовиш, Демир Хисар и Демир Капија – по 4, Кичево и Крушево – по 3, Штип, Свети Николе и Крива Паланка – по 2, Ресен, Пробиштип, Виница, Валандово, Кратово и Дојран – по 1.

Пријавени се вкупно осум пациенти од кои по двајца од Куманово (73г и 81г) и од Охрид (55г и 85г) и по еден од Скопје (80г), Велес (54г), Струмица (80г) и Берово (84г). Сите пациенти се починати во болнички услови, соопшти Министерството за здравство.

Регистрирани се 210 оздравени пациенти eден од Охрид.

Вкупната бројка на ковид-дијагностицирани лица во земјава од почетокот на епидемијата изнесува 94.196, бројката на оздравени пациенти е 83.634, на починати е 2.908, а бројот на активни случаи изнесува 7.654.

OhridNews