Согласно податоците од Институтот за јавно здравје, во последните 24 часа направени се 2.182 тестови, а регистрирани се 302 нови случаи со КОВИД-19, пет починати и 315 оздравени пациенти, соопшти Министерството за здравство.
Од новозаболените 302 случаи од Скопје се 158, Прилеп 22, Велес 20, Битола 17, Куманово и Кавадарци по 11, Охрид 10, Струмица 9, Ресен 8, Кочани и Кичево по 5, Штип и Неготино по 4, Гостивар и Радовиш по 3, Тетово, Гевгелија, Виница и Кратово по 2 и Струга, Крива Паланка, Дебар и Крушево по 1.
Од вкупниот број на позитивни (302), регистрирани се 35 реинфекции.
Од 315 оздравени пациенти од Скопје се 203, Битола 17, Прилеп и Велес по 14, Куманово 13, Кавадарци 9, Гостивар 7, Кичево 6, Струмица, Ресен и Тетово по 5, Гевгелија 4, Штип, Неготино, Крива Паланка и Демир Капија по 2 и Свети Николе, Валандово, Пробиштип, Демир Хисар и Македоснки Брод по 1.
Од петте починати лица две се од Скопје (79г и 81г) и по едно починато лице од Струмица (72г), Струга (80г) и Битола (90г). Пријавените лица се починати во болнички услови.
Согласно регистарот на умрени лица со дијагноза КОВИД-19 од „Мој Термин“, дополнително е пријавено едно починато лице од: Охрид (88г) починатиот е пријавен на 07.03.2022 . Пријавеното лице е починато во домашни услови. Сите починати лица (6), се со регистрирани коморбидитети.
OhridNews