Согласно податоците од Институтот за јавно здравје во последните 24 часа се регистрирани 300 нови случаи на КОВИД-19 од направени 2.493 тестови, како и 197 оздравени пациенти и едно починато лице, информира Министерството за здравство.
Од новорегистрираните 300 случаи на КОВИД-19 од Скопје се 180, Битола 19, Охрид 16, Прилеп и Кавадарци по 13, Струмица 9, Куманово, Велес, Гостивар, Гевгелија и Ресен по 5, Кичево и Делчево по 4, Тетово и Струга по 3, Штип и Кочани по 2 и Неготино, Свети Николе, Дебар, Валандово, Богданци, Кратово и Крушево по 1. Од вкупниот број на позитивни 59 се реинфекции.
Во моментов во Охрид активни се 85 случаи.
Од оздравените 197 пациенти од Скопје се 129, Битола 16, Кавадарци 10, Прилеп и Куманово по 8, Гевгелија и Ресен по 4, Гостивар 3, Штип, Кочани, Дебар, Берово и Богданци по 2 и Велес, Охрид, Струмица, Кичево и Виница по 1.
Починатото лице е од Битола на 71-годишна возраст. Тоа починало во болнички услови и кај него се регистрирани коморбидитети.
OhridNews