Во изминатите 24 часа се потврдени 30 нови случаи позитивни на КОВИД- 19 со што вкупната бројка на дијагностицирани лице во земјава изнесува 384, информира министерот за здравство, Венко Филипче.
По градови: во Скопје има 12 новозаболени лица, во Куманово се осум, во Прилеп 9 и во Крива Паланка едно лице.
Во изминатото деноноќие направени се 342 теста, а вкупно досега 4.117 тестирања на Ковид-19.