Од направени 3.974 тестови во последните 24 часа, регистрирани се 668 нови случаи на КОВИД-19 и 81 реинфекции. Оздравени се 887, а пријавени се седум починати лица, соопшти Министерството за здравство.

Согласно податоците од Институтот за јавно здравје, од новите случаи во Скопје се 340, Битола – 43, во Куманово и Струмица по 33, Охрид – 30, Прилеп – 23, Тетово – 22, Кавадарци, Велес, Штип и Кичево – по 15, Гевгелија – 11, Струга и Богданци – по 9, Гостивар, Неготино и Свети Николе – по 8, Ресен и Дебар – по 5, Кочани, Крива Паланка и Демир Капија – по 3, Радовиш, Делчево и Македонски Брод – по 2, Берово, Валандово, Виница, Кратово, Крушево и Демир Хисар по еден.

Од вкупниот број на позитивни (668), регистрирани се 81 реинфекции.

Регистрирани сe 887 оздравени пациенти од: Скопје – 621, Битола – 39, Куманово – 36, Кавадарци – 32, Велес – 31, Неготино – 19, Гевгелија – 13, Тетово и Кичево – по 11, Прилеп и Гостивар – по 10, Ресен – 8, Штип – 5, Охрид, Богданци, Свети Николе, Кочани, Крива Паланка и Демир Капија – по 4, Струмица, Радовиш, Делчево и Пробиштип – по 3, Берово – 2, Струга, Македонски Брод и Валандово – по еден.

Во текот на изминатите 24 часа, регистрирани се седум починати лица. Тројца починати се од Прилеп (80г, 80г и 81г), двајца од Скопје (78г и 82г) и по едно починато лице од Куманово (75г) и Струга (60г). Од пријавените лица сите се починати во болнички услови. Кај сите седум лица се регистрирани коморбидитети.

Најмногу активни счучаи во земјата во моментов има во Скопје – 4205, во Охрид 176, а во Струга 83.

OhridNews