Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 3349 тестирања за Ковид-19, при што се регистрирани 1288 нови случаи на заразени со коронавирусот, oд кои 30 во Охрид.

Во изминатото деноноќие починале 39 лица, двајца од Охрид (68г., 73г.).

Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 1078 оздравени пациенти, 52 од Охрид.

Вкупната бројка на ковид-дијагностицирани во Охрид од почетокот на епидемијата изнесува 1460, а во моментов активни се 597 случаи.

OhridNews