Според последните податоци од Институтот за јавно здравје во Охрид има 5 нови случаи на ковид 19, а активни се 155.

Во последните 24 часа се направени 3.480 тестирањa, а регистрирани се 296 нови случаи со Ковид-19: Скопје – 143, Гостивар – 60, Кичево – 23, Струмица – 11, Штип – 10, Тетово – 9, Куманово – 8, Струга – 6, Охрид – 5, Прилеп, Радовиш и Дебар – по 3, Битола, Кочани, Неготино и Пробиштип – по 2, Велес, Кавадарци, Виница и Кратово – по 1. Регистрирани сe 109 оздравени пациенти од: Тетово – 42, Скопје – 33, Гостивар – 12, Куманово – 6, Кавадарци – 4, Струмица – 3, Кичево, Радовиш, Битола и Пехчево – по 2, Велес – 1.

Пријавени се осум починати лица од кои три од Гостивар (54г,69 и 78г), по две од Струга (69г и 74г) и Тетово (44г и 51г) и едно лице од Кочани (74г). Починати се во болнички услови, соопшти Министерството за здравство. Досега во земјата се направени вкупно 1.065.772 тестирања на Ковид-19.

OhridNews