Во последните 24 часа се направени 2995 тестирања, а регистрирани се 984 нови случаи со Ковид-19, од кои 28 во Охрид.

Најмногу новодијагностицирани и денеска има во Скопје-398, по што следат: Куманово-47, Дебар-11, Штип-46, Прилеп-59, Тетово-44, Струга-15, Велес-32, Битола-46, Кавадарци-29, Гостивар-46, Гевгелија-22, Струмица-24, Крива Паланка-3, Радовиш-8, Крушево-1, Кочани-11, Пробиштип-4, Демир Хисар-1, Македонски Брод-3, Пехчево-2, Берово-15, Валандово-2, Виница-1, Делчево-26, Кратово-4, Свети Николе-8, Кичево-22, Ресен-11, Неготино-15.

Починати се 24 пациенти од кои 12 од Скопје (75, 64, 60, 71, 69, 79, 36, 35, 70, 61, 74, 80 г.), двајца од Куманово (62 и 77 г.), еден пациент од Струга (73 г.), еден од Велес (76 г.), тројца од Битола (60, 81 и 55 г.), еден од Охрид (63 г.), еден од Струмица (56 г.), еден од Крива Паланка (53 г.), еден од Кочани (42 г.) и еден пациент од Кичево (65 г.). Пациентите се починати во болнички услови, соопшти Министерството за здравство.

Институтот за јавно здравје регистрира 631 оздравен пациент.

Вкупната бројка ковид дијагностицирани во Охрид од почетокот на епидемијата изнесува 1781, а активни се 615 случаи. Во Струга до сега регистрирани се 1603 случаи, а активни се 487.

OhridNews