Нови 815 случаи на Ковид -19 од направени 2664 тестирања се регистрирани во изминатите 24 часа. Починати се 20 лица, а оздравени се 396 пациенти, соопшти Министерството за здравство.

Од новозаразените, 28 се во Охрид, колку што се регистрирани и во Струга. Најмногу нови случаи има во Скопје – 329, по што следат: Куманово-37, Дебар-1, Штип-26, Прилеп-46, Тетово-51, Велес-24, Битола-52, Кавадарци-31, Гостивар-36, Гевгелија-9, Струмица-20, Крива Паланка-12, Радовиш-12, Крушево-2, Кочани-9, Пробиштип-3, Демир Хисар-2, Македонски Брод-2, Пехчево –1, Берово-5, Валандово-5, Виница-1, Делчево-4, Кратово-1, Свети Николе-4, Кичево-6, Ресен-9, Неготино-19.

Институтот за јавно здравје регистрира 396 оздравени пациенти.

Од починатите 20 лица, осум се од Скопје (76, 65, 84, 64, 71, 80, 51, 74г), еден од Штип (82г), двајца од Прилеп (68 и 72г), еден од Струга (78г), двајца од Велес (70 и 65г), еден од Битола (84г), еден од Кавадарци (68г), двајца пациенти од Гостивар (64 и 89г), еден од Струмица (63г) и еден пациент од Берово (77г). Од нив двајца пациенти се починати вон, останатите се починати во болнички услови.

Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 77949, бројката на оздравени пациенти е 53345, на починати е 2274, а бројот на активни случаи изнесува 22330. Во Охрид во моментов активни се 651, а во Струга 440 случаи.

OhridNews