Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се регистрирани 758 нови случаи на заразени со коронавирусот од направени 2562 тестирања, а починале 26 лица, од кои најмладиот 42-годишник од Скопје. Институтот за јавно здравје регистрира 944 оздравени пациенти.

Од новорегистрираните 758 од Скопје се 324, Куманово-43, Штип-22, Прилеп-46, Тетово-21, Струга-27, Велес-26, Битола-23, Охрид-28, Кавадарци-36, Гостивар-32, Гевгелија-17, Струмица-26, Крива Паланка-3, Радовиш-5, Кочани-19, Пробиштип-1, Пехчево-2, Берово-2, Валандово-8, Виница-2, Делчево-8, Кратово-4, Свети Николе-6, Кичево-14, Ресен-2, Неготино-11.

Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 944 оздравени пациенти од: Скопје-270, Куманово-51, Дебар-24, Штип-25, Прилеп-69, Тетово-36, Струга-43, Велес-51, Битола-53, Охрид-46, Кавадарци-53, Гостивар-44, Гевгелија-30, Струмица-20, Крива Паланка-6, Радовиш-12, Кочани-19, Пробиштип-7, Демир Хисар-1, Пехчево-2, Берово-8, Валандово-6, Кратово-3, Свети Николе-15, Кичево-19, Ресен-13 и Неготино-18.

Починати се 26 лица, седум пациенти од Скопје (42, 65, 74, 83, 69, 80 и 86г), двајца од Куманово (87 и 52г), еден од Дебар (80г), пет од Прилеп (65, 79, 65, 61 и 76г), еден од Струга (62г), двајца од Битола (77 и 69г), четири пациенти од Охрид (62, 70, 57 и 81г), еден од Свети Николе (65г), двајца од Кичево (64 и 77г) и еден пациент од Неготино (74г). Од нив двајца се починати вон, останатите се починати во болнички услови.

Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 79190, бројката на оздравени пациенти е 56099, на починати е 2340, а бројот на активни случаи изнесува 20751. Во моментов во Охрид активни се 604 случаи.

OhridNews