Во последните 24 часа се направени 3315 тестирања, а регистрирани се 1295 нови случаи со Ковид-19, од кои 26 во Охрид. Најмногу нови случаи и денеска има во Скопје-539, по што следат: Куманово-55, Дебар-3, Штип-36, Прилеп-92, Тетово-83, Струга-35, Велес-40, Битола-50, Кавадарци-34, Гостивар-72, Гевгелија-24, Струмица-23, Крива Паланка-7, Радовиш-3, Крушево-3, Кочани-32, Пробиштип-7, Демир Хисар-16, Пехчево-2, Берово-11, Виница-7, Делчево-5, Кратово-6, Свети Николе-13, Кичево-40, Ресен-13, Неготино-18.

Починати се 26 пациенти од кои шест од Скопје (88, 80, 60, 63, 69 и 74 г.), еден од Куманово (86 г.), еден од Штип (76 г.), пет од Прилеп (48, 61, 73, 36 и 74 г.), двајца од Тетово (76 и 77 г.), еден од Струга (86 г.), шест од Битола (81, 76, 74, 71, 88 и 82 г.), еден од Охрид (72 г.), двајца од Кавадарци (77 и 77 г.) и еден од Свети Николе (62 г.), соопшти Министерството за здравство.

Институтот за јавно здравје регистрира 429 оздравени пациенти од: Скопје-190, Куманово-25, Штип-18, Прилеп-40, Тетово-30, Струга-1, Велес-26, Битола-11, Кавадарци-12, Гостивар-14, Гевгелија-13, Струмица-23, Крива Паланка-1, Крушево-1, Кочани-8, Пробиштип-1, Демир Хисар-1, Берово-1, Свети Николе-3, Кичево-4, Ресен-1, Неготино-5.

Вкупната бројка Ковид дијагностицирани во земјава од почетокот на епидемијата изнесува 43835, бројката на оздравени пациенти е 25782, на починати е 1238, а бројот на активни случаи изнесува 16815. Во Охрид од почетокот на епидемијата регистрирани се 1059 случаи на Ковид 19, а активни се 463.

OhridNews