Во последните 24 часа се направени 3.519 тестирања, а регистрирани се 843 нови случаи со КОВИД-19. Починати се 11 лица, а оздравени се 333 пациенти.

Како што соопшти денеска Министерството за здравство, согласно податоците од Институтот за јавно здравје, од 843 нови случаи со КОВИД-19 најмногу има во Скопје – 360. Потоа следуваат Прилеп – 66, Неготино – 54, Куманово – 51, Кавадарци – 44, Струмица – 33, Велес – 30, Тетово – 26, Охрид – 25, Гевгелија – 22, Крива Паланка – 20, Гостивар – 18, Кочани – 16,Штип – 12, Богданци – 11, Битола – 9, Крушево – 8, Кичево и Пробиштип – по 6, Струга – 5, Ресен и Демир Капија по – 4, Валандово и Демир Хисар – по 3, Свети Николе,Берово и Кратово – по 2, Македонски Брод – 1.

Регистрирани се 333 оздравени пациенти од, кои во Скопје – 115, Кавадарци – 64, Неготино – 26, Прилеп – 25, Тетово – 18, Куманово – 15, Велес и Гевгелија – по 10, Штип и Струмица по – 9, Гостивар, Битола, Дебар и Берово – по 4, Кочани и Крушево – по 3, Кичево и Кратово по – 2, Охрид, Ресен, Делчево, Валандово, Богданци и Демир Капија- по 1.

Починати се по пет пациенти од Скопје (77г, 73г, 63г, 63г, 39г), по двајца пациенти од Кавадарци (77г, 71г) и Неготино (77г, 63г) и по еден пациент од Куманово (75г), и Кочани (72г). Сите се починати во болнички услови.

Во моментов во Охрид има 428 активни случаи, а во Струга 168.

OhridNews