Есенскиот бран донесе високи бројки на новозаразени и починати од Ковид 19 во земјата. Во последните 24 часа се направени 2634 тестирања, а регистрирани се 640 нови случаи на Ковид-19 од кои 24 во Охрид. Најмногу нови случаи има во Скопје 272, следат Куманово 43, Прилеп 41, Кавадарци 41, Струмица 24, Кочани 20, Кичево 17, Струга 4.

Починати се 12 лица, двајца пациенти од Велес (79 и 89г), седум пациенти од Скопје (63, 78, 70, 73, 70, 71 и 64г), еден пациент од Прилеп (73г), еден од Штип (72г) и еден пациент од Струмица (85г). Сите пациенти се починати во болнички услови.

Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 143 оздравени пациенти од кои 3 во Охрид и 4 во Струга.

Досега во земјата се направени вкупно 229.246 тестирања на Ковид -19. Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 25473, бројката на оздравени пациенти е 18047, на починати е 874, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 6552.

OhridNews