Од 1387 тестирања во последните 24 часа, потврдени се нови 357 случаи на КОВИД-19, соопшти вечерва Министерството за здравство.
Во Скопје има 132 новозаразени, 24 во Охрид, по 18 нови случаи има во Битола, Гевгелија, Струмица и Кавадарци, 17 во Прилеп, 15 во Куманово, 14 во Тетово, 11 во Штип, девет во Струга, по осум нови случаи имаат Гостивар, Кочани, Кичево и Ресен, шест во Неготино, по пет новозаразени во Крива Паланка и Пробиштип, четворица во Дебар и Велес, двајца во Свети Николе и по еден нов случај во Радовиш, Крушево, Валандово, Виница и Делчево.
Починати се 18 лица, сите во болнички услови, а најмладиот е на 34 години. Седуммина се пациенти од Скопје (72, 34, 73, 83, 51, 56, 58г), еден од Куманово (60г), двајца од Струга (70 и 82г), двајца од Битола (48 и 78г), четири пациенти од Охрид (84, 82, 70 и 78г), еден од Кочани (55г) и еден пациент од Ресен (72г).
Институтот за јавно здравје денеска регистрира 689 оздравени пациенти: Скопје-263, Куманово-36, Штип-40, Прилеп-43, Тетово-27, Струга-37, Велес-40, Битола-39, Охрид-34, Кавадарци-23, Гостивар-31, Гевгелија-8, Струмица-5, Крива Паланка-3, Радовиш-4, Крушево-1, Кочани-13, Пробиштип-2, Демир Хисар-3, Македонски Брод-3, Валандово-2, Виница-1, Кратово-2, Свети Николе-7, Кичево-3, Ресен-3 и Неготино-16.
Вкупниот број на ковид-дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата достигна 78 305, оздравени се 54 034, починати 2292. Бројот на активни случаи е 21 979.
Во Скопје активни се 11 822, во Куманово 600, Дебар 175, Штип 383, Прилеп 854, Тетово 997, Струга 410, Велес 616, Битола 805, Охрид 632, Кавадарци 629, Гостивар 698, Гевгелија 328 (71 лица од ПЕ Гевгелија се жители на Дојран, 178 на Богданци и 12 се странски државјани), Струмица 636, Крива Паланка 135, Радовиш има активни 139, Крушево 70, Кочани 274, Пробиштип 65, Демир Хисар 44, Македонски Брод 33, Пехчево 21, Берово 96, Валандово 59, Виница 103, Делчево 290 (178 лица од ПЕ Делчево се од Македонска Каменица), Кратово има 24 активни случаи, Свети Николе 157, Кичево 335, Ресен 173 и Неготино 376 (147 лица од ПЕ Неготино се жители на Демир Капија).
Досега во земјава се направени вкупно 380 616 тестирања на КОВИД-19.
OhridNews