Регистрирани се 493 нови случаи на КОВИД-19 во последните 24-часа од направени 2.366 тестирања. Оздравени се 450 пациенти, а починати се 15 лица, сите во болнички услови.

Како што соопшти Министерството за здравство, од регистрираните 493 нови случаи на КОВИД-19, најголем дел се во Скопје-210, Охрид-24, Куманово-28, Велес-34, Битола-15, Кавадарци-32.

Регистрирани се 450 оздравени пациенти.

Починати се 15 лица, четири пациенти од Скопје (47, 58, 81 и 56г), еден од Куманово (35г), двајца од Струга (75 и 64г), еден од Велес (70г), двајца пациенти од Битола (70 и 56г), еден од Охрид (80г), еден од Кавадарци (73г), еден од ПЕ Гевгелија/ Богданци (63г), еден пациент од Крива Паланка (65г) и еден пациент од Неготино (67г). Пациентите се починати во болнички услови.

Во моментов во Охрид има 589 активни случаи.

OhridNews