Согласно податоците од Институтот за јавно здравје во последните 24 часа се направени 2705 тестирања, а регистрирани се 416 нови случаи со Ковид-19 во: Скопје – 186, Прилеп – 37, Кавадарци – 29, Охрид – 23, Велес и Струга – по 16, Тетово – 13, Куманово – 12, Битола – 11, Струмица – 10, Гостивар и Штип – по 8, Кочани – 7, Гевгелија, Неготино и Крива Паланка – по 5, Радовиш и Делчево – по 4, Свети Николе и Берово – по 3, Кичево, Ресен и Дојран – по 2, Пробиштип, Валандово, Кратово, Богданци и Крушево – по 1.

Пријавени се вкупно седум починати пациенти од кои тројца од Скопје (61г, 66г, 86г), двајца од Струга (53г и 73г) и по еден од Охрид (69г) и Кавадарци (84г). Сите пациенти се починати во болнички услови, соопшти Министерството за здравство.

Регистрирани се 278 оздравени пациенти, 20 од Охрид.

Досега во земјата се направени вкупно 479.430 тестирања на Ковид-19. Вкупниот број ковид-дијагностицирани лица во земјава од почетокот на епидемијата изнесува 96.152, бројката на оздравени пациенти е 87.122, на починати е 2.966, а бројот на активни случаи изнесува 6.064.

Во моментов дво Охрид има 352 активни случаи со Ковид 19, а во Струга 159.

OhridNews