Во последните 24 часа се направени 2455 тестирања, а регистрирани се 345 нови случаи на Ковид-19, оздравени се 289 пациенти, а починати се осум пацинети сите во болнички услови, информира Министерството за здравство.

Од новите случаи на Ковид-19 129 се во Скопје, Прилеп-26, Охрид-23, Куманово-21, Дебар-9, Штип-12, Прилеп-26, Тетово-10, Струга-8, Велес-13, Битола-6, Кавадарци-31, Гостивар-1, Гевгелија-7, Струмица-9, Крива Паланка-6, Радовиш-5, Крушево-4, Пробиштип-1, Виница-3, Делчево-2, Кратово-1, Кичево-1, Ресен-3 и Неготино-14.

Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 289 оздравени пациенти.

Починати се осум лица, еден пациент од Струга (69г), двајца од Велес (82 и 57г), еден од Битола (82г), еден од Гостивар (70г), еден од Гевгелија (78г), еден од Струмица (81г) и еден пациент од Валандово (48г). Пациентите се починати во болнички услови.

Во моментов во Охрид има 452 активни случаи, а во Струга 234.

OhridNews