Согласно податоците од Институтот за јавно здравје, во последните 24 часа направени се 2.365 тестови, а регистрирани се 223 нови случаи на КОВИД-19, тројца починати и 174 оздравени пациенти, соопшти Министерството за здравство.

Од новозаболените 223 случаи од Скопје се 131, Прилеп – 19, Битола – 15, Тетово – 11, Куманово и Велес – по 7, Штип, Неготино и Ресен – по 4, Кичево, Струга и Кратово – по 3, Гостивар, Охрид и Свети Николе – по 2, Кавадарци, Струмица, Гевгелија, Крива Паланка, Дебар и Демир Хисар – по 1.

Од вкупниот број на позитивни (223), регистрирана е 37 реинфекција.

Од 174 оздравени пациенти од Скопје се 128, Кавадарци и Гевгелија – по 7, Куманово – 6, Битола и Велес – по 4, Ресен и Крива Паланка – по 3, Гостивар и Неготино – по 2, Штип, Кичево, Свети Николе, Пробиштип, Богданци, Кратово, Демир Хисар и Демир Капија – по 1.

Од трите починати лица две се од Скопје (74г и 75г), а едно починато лице е од Струмица (82г). Од пријавените лица сите се починати во болнички услови.

Согласно регистарот на умрени лица со дијагноза КОВИД-19 од „Мој Термин“, дополнително е пријавено едно починато лице од Тетово (78г). Починатиот е пријавен на 24.02.2022. Пријавеното лице е починато во болнички услови. Од вкупниот број на починати лица, кај сите лица се регистрирани коморбидитети.

OhridNews