Нови 2000 случаи на Ковид-19 се регистрирани во последните 24 часа од направени 5.779 тестирања. Од нив во Скопје – 1.096, Битола – 123, Кавадарци – 108, Куманово – 96, Тетово – 75, Прилеп – 60, Велес – 58, Гевгелија – 39, Струмица – 38, Гостивар – 36, Охрид – 30, Струга – 26, Валандово – 25, Неготино – 24, Кичево – 23, Делчево – 20, Ресен и Радовиш – по 19, Кочани – 13, Крива Паланка – 12, Штип – 8, Свети Николе и Демир Хисар – по 7, Дебар и Богданци – по 6, Виница и Кратово – по 5, Македонска Каменица – 4, Берово и Демир Капија – по 3, Крушево и Македонски Брод – по 2, Пробиштип и Пехчево – по 1.
Регистрирани се 806 оздравени лица, од нив 2 од Охрид. Регистрирани се и 267 се реинфекции. Починале 23 лица од кои најмладиот на 35 годишна возраст. Дополнително, според Регистарот на умрени лица од Ковид-19 во периодот од 24 декември до 30 јануари починати се уште 12 лица.
Од вкупно починатите 35 лица, 13 лица биле целосно вакцинирани, а кај 34 лица се регистрирани коморбидитети. Од починатите во изминатите 24 часа, шестмина се од Скопје (35г, 62г, 64г, 70г, 75г, и 83г), по тројца има од Битола (71г, 73г и 90г), и Струмица (63г, 78г и 82г), двајца починати се од Свети Николе (59г и 62г) и по едно починато лице има од Велес (64г), Виница (67г), Кичево (79г), Кочани (63г), Крива Паланка (80г), Охрид (84г), Прилеп (77г), Струга (86г) и Штип (69г). Сите се починати во болнички услови.
Вкупната бројка на Ковид-дијагностицирани лица во земјава од почетокот на епидемијата изнесу ва 270.897. Оздравени се 247.670 лица, а починале 8.444. Бројот на активни случаи изнесува 14.783.
OhridNews