Во последните 24 часа се направени 2.259 тестирања, а регистрирани се 333 нови случаи на КОВИД-19, оздравени се 268 пациенти, а починале 10 лицa, соопшти Министерството за здравство.

Од новорегистрираните КОВИД-пациенти, во Скопје се 182, Кавадарци – 22, Куманово и Охрид – по 20, Тетово – 15, Битола – 11, Прилеп – 9, Неготино – 8, Велес и Ресен – по 7, Гостивар – 6, Гевгелија – 4, Струмица – 3, Струга, Кичево, Свети Николе, Крива Паланка и Кратово – по 2, Штип, Кочани, Дебар, Радовиш, Берово, Виница, Богданци, Демир Хисар и Македонски Брод – по 1.

Според Министертсвото, починати се по 3 пациенти од Скопје (85г, 70г, 70г), два пациента од Кавадарци (90г, 59г) и по еден пациент од Штип (47г), Велес (59г), Кочани (79г), Куманово (82г), и Охрид (68г). Девет пациенти се починати во болнички услови, еден пациент во домашни услови.

Во моментов во Охрид има 463 активни случаи, а во Струга 180.

OhridNews