Комисијата за пандемски грип со која раководи министерот за здравство Бујар Османи, денеска оджа состанок на кој се донесени препораки и заклучоци за заштита на населението од натамошно ширење на новиот тип на грип.
На граѓаните им се препорачува да избегнуваат учество на масовни собири. Граѓаните со симптоми на грип се советуваат веднаш телефонски да исконтактираат со својот матичен лекар, а при посета кај лекар да стават заштитна маска или марамче за да спречат ширење на инфекција кај други лица. Исто така на здравствените работници им се препорачува при преглед на пациенти со симптоми сомнителни на грип да носат заштитна маска, а здравствените установи да ги ограничат посетите на болни лица.