Во последните 24 часа пријавени се нови 199 случаи на Ковид-19 од направени 1.846 тестирања. Починати се осум пациенти, сите над 60 години. Институтот за јавно здравје регистрира 264 оздравени пациенти.

Повторно најголем број од новите случаи се од Скопје – 80, по што следуваат Охрид и Кавадарци со 19, Тетово со 14, Прилеп со 13, Куманово со 9, Гостивар и Велес со 7, Струмица и Гевгелија со 6, Битола и Струга по 5, Свети Николе, Ресен и Делчево со два и Штип, Кочани и Кратово со по еден нов случај.

Од починатите, двајца се од Кочани (74, 70г), а по еден смртен случај е регистриран од Скопје (76г), Ресен (88г), Кавадарци (77), Гостивар (70), Гевгелија (63) и Битола (65). Сите пациенти се починати во болнички услови.

Вкупната бројка на Ковид-дијагностицирани лица во земјава од почетокот на епидемијата изнесува 94.798. Бројката на оздравени пациенти е 83.999, на починати 2.924, а бројот на активни случаи изнесува 7.875. Досега се направени вкупно 470.691 тестирања.

OhridNews