Согласно податоците од Институтот за јавно здравје во последните 24 часа се направени 3121 тестирања, при што се регистрирани 357 нови случаи со Ковид-19. Во исто време, пријавени се пет починати пациенти, а оздравени се 122 лица.
Од вкупниот број новорегистрирани болни од Ковид-19 до Скопје се 140, Кавадарци – 35, Прилеп – 32, Велес – 23, Охрид – 19, Куманово – 14, Тетово – 11, Неготино – 10, Гостивар – 7, Битола и Струга по 6, Штип, Гевгелија, Берово и Богданци – по 5, Ресен, Делчево и Крушево – по 4, Струмица, Валандово и Кратово – по 3, Кочани, Крива Паланка, Радовиш и Пробиштип – по 2, Кичево, Свети Николе, Демир Хисар, Македонски Брод и Демир Капија – по 1.
Од петмината починати пациенти, двајца од Струга (71г и 67г) и по еден смртен случај е пријавен од Штип (75г), Гостивар (71г) и Скопје (76г). Сите пациенти се починати во болнички услови, соопшти Министерството за здравство.
Во моментов во Охрид има 388 активни случаи со Ковид 19, а во Струга 167.
OhridNews