Согласно податоците од Институтот за јавно здравје во последните 24 часа се направени 1.814 тестирања, а регистрирани се 180 нови случаи со Ковид-19 во: Скопје – 78, Прилеп – 18, Кавадарци – 15, Тетово – 12, Охрид и Струмица – по 10, Куманово, Велес и Струга – по 6, Дојран – 3, Гостивар, Гевгелија и Неготино – по 2, Штип, Битола, Кичево, Свети Николе, Ресен, Крива Паланка, Берово, Виница, Валандово и Крушево – по 1.

Пријавени се вкупно 13 починати лица. Шест пријавени смртни случаи се починати во тек на месец декември. Починати се шест пациенти од Скопје (89г, 87г, 79г, 69г, 61г и 60г), три од Гостивар (81г, 63г и 59г), два од Куманово (71г и 62г) и по еден смртен случај е пријавен од Битола (70г) и Струга (78г). Дванаесет пациенти се починати во болнички услови и еден е починат во Дом за стари лица, соопшти Министерството за здравство.

Регистрирани се 206 оздравени пациенти.

Направени се 1.814 тест преку: ИЈЗ-390, ЦЈЗ Скопје-45, Авицена-218, Биотек-228, Клиника „Жан Митрев“-129, Систина-203, лабораторија Лаор–250, МАНУ-71, ЦЈЗ Битола-60, Клиника за инфективни болести и фебрилни состојби-5, Синлаб-28, ЈЗУ и ПЗУ (рапид тест) – вкупно 187.

ДВо моментов во Охрид активни случаи со Ковид 19 се 398, а во Струга 172.

OhridNews