Министерот за здравство Венко Филипче информира дека денес има 21 оздравено лице кое се лекувало од коронавирусот, со што вкупниот број на излекувани досега е 200 пациенти. Од денешните оздравени 16 се од Скопје, 3 од Куманово и 2 од Штип, сите се лекувале во домашни услови.

Во изминатите 24 часа потврдени се 18 нови случаи на ковид-19. По градови: Скопје-2, Куманово-9, Штип-2, Тетово-2, Велес-1, Гостивар-1, Пехчево-1. Со ова вкупната бројка на дијагностицирани пациенти со Ковид-19 во нашата земја изнесува 1225 лица. Во изминатото деноноќие направени се 263 теста.

Починати се тројца пациенти позитивни на Ковид-19. На Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби почина една пациентка од Лабуништа на 46 годишна возраст, примена на 29 март, а подолг временски пердиод била на механичка вентилација, и еден 71 годишен пациент од Прилеп, лекуван на клиниката од 15 април.

Во ГОБ „8 септември“ почина пациентка од Куманово на 63 годишна возраст, хоспитализирана во тешка состојба на 6 април и веднаш поставена на респираторна машина.

OhridNews