Во последните 24 часа се направени 2.660 тестирања, а регистрирани се 324 нови случаи на КОВИД-19, пријавени се 26 починати лица, а оздравеле 1 178 пациенти, соопшти Министерството за здравство.

Во главниот град има најмногу новозаболени – 110, по што следат Куманово – 44, Охрид – 18, Струмица – 17, Прилеп и Тетово– 13, Штип – 11, Битола, Велес и Кичево – по 10, Свети Николе – 9, Кочани и Виница – по 8, Радовиш –6, Гостивар и Дебар – по 4, Кавадарци, Гевгелија, Ресен, Крива Паланка, Кратово и Македонска Каменица – по 3, Струга, Неготино, Берово и Делчево – по 2, Пробиштип, Валандово и Демир Хисар – по 1.

Од вкупно починатите, осум се од Скопје (52г,59г,63г,66г,71г,77г,80г и 83г), по две починати лица од Куманово (77г и 86г), Прилеп (73г и 83г) и Гостивар (62г и 69г) и по едно починато лице од Велес (78г), Кавадарци (75г), Охрид (73г), Штип (67г), Струмица (65г), Кочани (68г), Кичево (71г), Ресен (77г), Радовиш (65г), Берово (75г), Делчево (57г) и Валандово (72г). Од пријавените, 24 се починати во болнички, а две лица во домашни услови.

Во моментов во Охрид има 454 активни случаи, а во Струга 147.

OhridNews