Во текот на изминатите 24 часа регистрирани се нови 175 случаи на Ковид-19, од направени 1733 тестирања. Во истиот период се регистрирани и 365 оздравени пациенти, но и седум починати лица.

Најмногу нови случаи има во Скопје – 90, по што следат: Кавадарци – 15, Тетово – 11, Куманово – 7, Охрид – 6, Кратово – 6, Дебар – 5, Гостивар – 4, Прилеп – 4, Струмица – 4, Ресен – 4, Велес – 3, Струга – 3, Битола – 2, Гевгелија – 2, Виница – 2, Штип – 1, Берово – 1, Кичево – 1, Неготино – 1, Делчево – 1, Крушево – 1, Свети Николе – 1.
Регистрирани се 365 оздравени пациенти, еден од Охрид.

Починати се 7 лица, 2 пациенти од Скопје (85 и 43г), и по еден од Охрид (83г), Штип (79г), Тетово (67г), Берово (80г) и Велес (74г). Сите 7 пациенти се починати во болнички услови.

Во моментов во Охрид има 371 активен случај, а во Струга 159.

OhridNews