Согласно податоците од Институтот за јавно здравје, во последните 24 часа од направени 1.483 тестирања регистрирани се 172 нови случаи со Ковид-19. Во истиот период, регистрирани се и девет починати лица и 381 оздравен пациент, соопшти Министерството за здравство.
Од вкупниот број нови случаи на Ковид-19, од Скопје се 107, Охрид 11, Битола 8, Кавадарци и Штип по 6, Велес и Струга по 5, Струмица 4, Свети Николе и Кратово по 3, Прилеп, Крива Паланка, Делчево и Пробиштип по 2, Куманово, Кочани, Неготино, Ресен, Богданци и Демир Капија по 1.
Од 381 оздравен пациент од Охрид се 3 лица. Во моментов активни се 238 случаи во Охрид.
Од регистирираните девет починати лица во изминатите 24 часа, четири се од Скопје (61г, 71г, 72г и 75г) и по едно од Битола (65г), Берово (63г), Струга (85г), Струмица (65г) и Македонска Каменица (76г). Сите пријавени лица починале во болнички услови.
OhridNews