Министерството за здравство соопшти дека во последните 24 часа се направени 2236 тестирања, а регистрирани се 628 нови случаи со Ковид-19, од кои 17 во Охрид и 11 во Струга. И денеска најмногу случаи има во Скопје-353,  по кое следат: Куманово-33, Штип-13, Прилеп-36, Тетово-33, Велес-34, Битола-28, Кавадарци-7, Гостивар-7, Струмица-20, Крива Паланка-6, Радовиш-2, Пробиштип-3, Демир Хисар-1, Македонски Брод-2, Берово-2, Виница-1, Делчево-4, Свети Николе-6, Кичево-6, Ресен-1, Неготино-2.

Починати се 15 пациенти, еден во Охрид (87 г.), седум во Скопје (76 г., 63 г., 84 г., 82 г., 75 г., 80 г. и 85 г.), тројца од Велес (41 г., 86 г. и 57 г.), двајца од Гевгелија (60 г. и 51 г.), еден од Ресен (70 г.), еден од Делчево (59 г.) и еден од Охрид (87 г.).

Институтот за јавно здравје регистрира 531 оздравен пациент 8 во Охрид.

Вкупната бројка на Ковид дијагностицирани во Охрид од почетокот на епидемијата изнесува 632, а активни се 178.

OhridNews