Согласно податоците од Институтот за јавно здравје, во последните 24 часа направени се 2.020 тестови, а регистрирани се 163 нови случаи со КОВИД-19 и 259 оздравени пациенти, соопшти Министерството за здравство.

Од новозаболените 163 случаи од Скопје се 102, Битола – 18, Куманово – 8, Прилеп и Ресен – по 5, Кавадарци, Велес и Кичево – по 3, Тетово, Охрид, Струмица, Гевгелија и Делчево – по 2, Гостивар, Радовиш, Валандово, Виница, Кратово и Демир Капија – по 1.

Од вкупниот број на позитивни (163), регистрирани се 24 реинфекции. Од 259 оздравени пациенти од Скопје се 153, Кавадарци – 21, Битола – 17, Куманово, Прилеп и Велес – по 8, Гостивар – 7, Ресен и Охрид – по 6, Тетово и Делчево – по 4, Кичево, Струмица, Струга и Неготино – по 3, Крива Паланка – 2, Валандово, Кочани и Свети Николе – по 1.

Согласно регистарот на умрени лица со дијагноза КОВИД-19 од Мој Термин, дополнително се пријавени четири починати лица од: Скопје (1), Тетово (1), Охрид (1) и Струмица (1), на возраст од 64 години до 83 години. Пријавените лица се починати во период од 02.03.2022 до 21.03.2022 гоидна. Од пријавените лица 3 се починати во болнички услови, а едно лице е починато во домашни услови.

Од вкупниот број на починати лица (4), кај 3 починати лица се регистрирани коморбидитети.

OhridNews