Во последните 24 часа се направени 3.701 тестирања, а регистрирани се 722 нови случаи со КОВИД-19. Починати се девет лица, сите во болнички услови. Оздравени се 186 лица.
Како што соопшти Министерството за здравство, најмногу нови случаи со КОВИД-19 има во Скопје – 375, Прилеп – 44, Кавадарци – 35, Гевгелија – 29, Битола – 25, Гостивар – 23, Тетово – 22, Куманово – 20, Охрид – 16, Штип – 15, Крива Паланка – 14, Неготино – 13, Велес – 11, Струмица, Струга и Кочани – по 10, Богданци – 9, Кичево, Свети Николе, Ресен, Радовиш, Берово и Крушево – по 5, Валндово – 3, Делчево, Пробиштип и Демир Капија – по 2, Кратово и Демир Хисар – по 1.
Од починатите лица, починати се по четворица пациенти од Скопје (81г, 75г, 74г, 73г) и по еден пациент од Пробиштип (88г), Струмица (88г), Кичево (72г), Куманово (70г), и Битола (61г).
Во моментов во Охрид има 444 активни случаи, а во Струга 178.
OhridNews