Нови 15 случаи на КОВИД-19 се регистрирани во последните 24 часа, 14 пациенти оздравеле, а починати нема, соопшти Министерството за здравство.

Направени се 2.802 тестирања, а од новите случаи пет се во Кичево, Скопје – 4, Тетово – 3, Прилеп, Охрид и Делчево – по 1.

Регистрирани се и 14 оздравени пациенти: од Скопје – 11, Куманово, Гостивар и Кичево – по 1.

Во моментов во Охрид има 22 активни случаи.

OhridNews