Согласно податоците од Институтот за јавно здравје, во последните 24 часа направени се 2.669 тестови, а регистрирани се 149 нови случаи со КОВИД-19, еден починат и 223 оздравени пациенти, соопшти Министерството за здравство.

Од новозаболените 149 случаи од Скопје се 77, Битола – 16, Прилеп и Кавадарци – по 9, Делчево – 6, Гостивар, Охрид и Ресен – по 4, Тетово и Кичево – по 3, Куманово, Струмица, Гевгелија и Неготино – по 2, Струга, Свети Николе, Радовиш, Валандово, Виница и Демир Капија – по 1.

Од вкупниот број на позитивни (149), регистрирани се 20 реинфекции. Починато лице е од Скопје (88г). Починато е во болнички услови.

Регистрирани сe 223 оздравени пациенти од: Скопје – 126, Битола – 25, Прилеп и Охрид – по 16, Кавадарци – 9, Делчево и Куманово – по 5, Крушево – 4, Ресен, Струмица и Струга – по 3, Виница – 2, Гостивар, Тетово, Гевгелија, Свети Николе, Велес и Кратово – по 1.

Согласно регистарот на умрени лица со дијагноза КОВИД-19 од „Мој Термин“, дополнително се пријавени три починати лица од: Штип (1), Кичево (1) и Гевгелија (1), на возраст од 73 години до 81 години. Пријавените лица се починати во период од 01.04.2022 до 02.04.2022 гоидна. Од пријавените лица две се починати во домашни услови, а едно лице е починато во болнички услови.

Кај сите четири починати лица се регистрирани коморбидитети.

OhridNews