Согласно податоците од Институтот за јавно здравје, во последните 24 часа регистрирани се 139 нови случаи на КОВИД-19 од 1424 направени тестови и не се пријавени починати лица. Од вкупниот број нови позитивни, 25 се реинфекции, соопшти Министерството за здравство.
Од новозаразените, во Скопје се 58, Битола – 34, Прилеп – шест, Струмица – пет, Куманово, Кавадарци, Велес, Охрид и Кичево – по четири, Тетово – три, Гостивар, Кочани и Демир Хисар по два нови случаја и по еден новозаразен во Штип, Гевгелија, Ресен, Радовиш, Дебар, Виница и Дојран.
Во Охрид во моментов активни се 23 случаи.
Во текот на изминатите 24 часа не се пријавени починати лица. Согласно Регистарот на умрени лица со дијагноза КОВИД-19 од Мој термин дополнително е регистрирано едно починато лице од Скопје (73г), кој починал на 1 мај 2022 во домашни услови.
Во изминатото деноноќие се регистрирани 86 оздравени пациенти: Скопје – 40, Битола – 19, Кичево – пет, Штип – четири, Кавадарци – три, Куманово, Велес, Гевгелија, Ресен и Свети Николе – по двајца, Тетово, Кочани, Виница, Струга и Берово по еден оздравен.
OhridNews