Нови 254 случаи на заразени со Ковид-19, оздравени 151 пациенти, починати 16 лица
Скопје, 21 февруари 2021 (МИА) – Денешните статистика објавена од Министерството за здравство по однос на состојбата со коронова вирусот во земјава кажува дека во последните 24 часа од направени 2.160 тестирања, регистрирани се 254 нови случаи на Ковид-19, од кои најголемиот број во Скопје (111), Прилеп (29) и Охрид (13).

Починати се 16, а оздравени 151 пациент. Од починатите петмина се пациенти од Прилеп (83, 75, 75, 73, 49), тројца пациенти од Охрид (85, 83, 77), двајца пациенти од Скопје (78, 62).

Досега во земјата се направени вкупно 502.711 тестирања на Ковид-19. Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 99.285, бројката на оздравени пациенти е 89.400, на починати е 3.063, а бројот на активни случаи изнесува 6.822.

Во моментов во Охрид има 402 активни случаи со Ковид 19, а во Струга 176.

OhridNews